20 Мај, 2024
0.0261

БЕРЗА: Лоша седмица на Вол Стрит!

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Вол Стрит, оваа недела заврши со најголемиот дневен пад на цените на акциите во последните четири месеци, бидејќи бизнис извештаите на „Џенерал Електрикс“ и Мекдоналдс, компании кои се сметаат за барометар на економската ситуација,ги разочараа инвеститорите. „ Dow Jones“ потона за 202 поени или 1,52% на 13.343 поени, додека„ S & P 500“ падна 1,66 % до 1433 поени и на „Nasdaq“ 2,19 % до 3005 поени. За „ Dow Jones“ ова е најголем дневен пад од средината на јуни, а пристигна точно на 25 годишнината од Црниот понеделник, кога овој индекс потона до 22,6 %, најголемиот процент на дневен пад во историјата. Цената на акциите на „Џенерал Електрикс“ потона 3,4 отсто , додека акциите на Мекдоналдс паднаа за 4,5 отсто поради недостатокот на приходи. „Се чини дека ситуацијата во американската економија не е најдобра, бидејќи резултатите на оние компании кои најдобро ја одразуваат ситуацијата е многу лоша", вели директорот на групата на „BlackBay“, Тод Шоенбергер. Под најголем притисок е технолошки сектор, по лошите резултати на Гугл, Мајкрософт и ИБМ(IBM). Во последните 10 дена „S & P“ индексот на овој сектор падна за 5,3 отсто, додека „S & P 500“ во истиот период падна 1,9 проценти. И на европските берзи вчера беше забележан пад на цените на акциите. Лондонскиот ФТСЕ падна 0,35 проценти на 5.896 поени,  Франкфуртскиот ДАХ падна 0,76 проценти до 7380 поени, а  Парискиот ЦАЦ 0,87 проценти до 3504 поени.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра