21 Мај, 2024
0.0295

Анѓушев чека Југохром да собере пари за да додаде 1,5 милион евра

Објавено во: Економија 11 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев изјави дека Владата само се консултирала со „Еко Герила“ дали порано да се стават филтри на топилницата Југохром и дека не може таа еколошка организација да одлучува за судбината на комбинатот од Јегуновце.

Никој не може да биде над институциите на дражвата. Јасен е ставот на Владата, Југохром неможе да проработи ако не ги задоволи еколошките стандарди, рече денеска Анѓушев.

Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на првиот проект за Зелениот климатски фонд, Анѓушев напомена дека Југохром веќе ги поставува филтрите и целиот процес треба да заврши до октомври-ноември годинава. Компанијата, согласно финансикиот план, мора да обезбеди уште  еден милион евра, а ако тоа го стори Владата ќе и помогне со кредит од дополнителни 1,5 милиони евра од Македонската банка за поддршка на развојот, со што ќе може  да се заокружи процесот во целост. 

- Договорено е Југохором да ги постави филтрите. Сопственикот на компанијата се соочуваше со одредени финансиски тешкотии околу имплементација на проектот. Ја разгледавме ситуацијата и констатиравме дека постои физибилност комбинатот да работи, поготово со сегашната конјуктура на цените на металите на светските берзи. Може да работи профитабилно и да остварува профит, истакна Анѓушев.

Според него, Југохром доцнеше со проектот, но тоа е приватна фабрика и Владата не може да се меша во нејзината работа, но го охрабри инвеститорот, односно ќе му помогне.

- Ако Југохром ги задоволи еколошките стандарди што е во интерес на државата, а пред се во интерес на вработените и жителите на тој регион, ќе биде ставен во функција, потенцира вицепремиерот.


Можеби ќе ве интересира

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“