И Јохан Тарчуловски е заразен со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Октомври, 2020
И Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ е заразен со коронавирусот.
Тој на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.
„Зарем некое зло ќе ме одмине. Нема шанса, ПОЗИТИВЕН сум на тестот за Ковид. Немам никакви проблеми се надевам ќе остане така и до крај. Да сте живи и здрави се гледаме после карантинот.“, напиша Тарчуловски.
И екс директорот на УБК, Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19.Заразени се и три пратеници во македонското Собрание.