19 Мај, 2024
0.0326

Зошто задолжувањето во ДХВ пораснало за 50 милиони евра за три месеци?

Објавено во: Економија 10 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Просечно дневно за 626.300 евра се зголемува долгот на државата (изразен во државни хартии од вредност) од почеток на јануари до 26 март. Новото задолжување во првите три месеци годинава пораснало на нето основа за 50 милиони евра затоа што Министерството за финансии позајмило 19,6 милијарди денари, а вратило 16,34 милијарди денари. Од вратените 16,34 милијарди денари дури 15,4 милијарди денари се за долг што го наследиле од владите на ВМРО-ДПМНЕ. 

Заедничко за владите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ е тоа што работат на принцип „ископај поголема дупка да покриеш постоечка“. Суштински заедничко за левите и за десните е тоа што не се си го нарушуваат комодитетот да скратат од своите буџетски трошоци со цел да вратат стар долг. И тие и тие се задолжуваат за да вратат стар долг. До 26 март годинава вкупниот долг во државни хартии од вредност изнесува околу 1,5 милијарди евра! 

Задолжувањето во државни хартии од вредност за последните три месеци, од почетокот на годинава до крајот на март, пораснало за 53,4 милиони евра односно за 3,3 милијарди денари, покажуваат официјалните податоци кои се достапни на интернет страницата на Министерството за финансии. 

 Од почетокот на годинава до крајот на март Министерството за финансии позајмило 19,63 милијарди денари, а вратило 16,34 милијарди денари. Разликата меѓу новото позајмување и отплатата значи дека Министерството за финансии во овој период го зголемило задолжувањето со државни хартии од вредност за 3,29 милијарди денари. 

Каде се задолжувале? 

На домашниот пазар на капитал убедливо најмногу пари Министерството за финансии позајмило 11,56 милијарди денари издавајќи едногодишни државни хартии од вредност. Во јануари позајмиле нешто над 2 милијарди денари, во февруари во два дена позајмиле уште 2,25 милијарди денари, а во март во два дена позајмиле уште 7,23 милијарди денари. Целиот износ на новото задолжување бил наменет за отплата на претходно направен долг со рочност од 12 месеци. 

Министерството за финансии организирало аукции за издавање државни записи на датуми кои се идентични со датумите за враќање на 12 месечни записи. Тоа се 9 и 23 јануари, 14 февруари и 6 и 13 март. Втор по големина обем на ново задолжување е направен кај 15 годишната обврзница. Организирани се аукции на 9 и на 23 јануари, на 14 февруари и на 6 март и при тоа Министерството за финансии од кредиторите позајмило вкупно 3,494 милијарди денари со рок на отплата во 2033 година. 

Трета по обем е државната обврзница со рок на отплата на 3 години. Во три наврати од кои еден во јануари и уште два во март се позајмени вкупно 1,65 милијарди денари. 

Следна по обем на задолжување е 5 годишната обврзница каде во два наврати се позајмени 1,557 милијарди денари. Кај две годишната обврзница се позајмени 800 милиони денари и тоа во два дена во март, а кај 10 годишната обврзница се позајмени само 170 милиони денари и тоа во една аукција во почетокот на јануари. 

Каде враќале? 

Фокус на враќање бил ставен на државните хартии од вредност со рок на отплата од 12 месеци. Во по два наврата во јануари и март и во еден наврат во февруари се вратени вкупно 12,37 милијарди денари кои доспеале за наплата, а биле со рочност од 12 месеци. Кај тригодишните обврзници се вратени 2,35 милијарди денари и тоа во по еден наврат во јануари, февруари и во март. Кај 5 годишните обврзници се вратени 723 милиони денари, а кај 6 месечните записи се вратени 895 милиони денари. 

Кога позајмиле најмногу пари? 

Во март е убедливо највисоко новото задолжување на Министерството за финансии. Тоа достигна 10,577 милијарди денари во период од 1 до 13 март. Тоа изнесува 65 отсто од целото ново задолжување во државни хартии од вредност. Во јануари новото задолжување изнесува 5,79 милијарди денари, а во февруари 2,85 милијарди денари. 

Кога вратиле најмногу пари? 

Март е клучниот месец досега за државните хартии од вредност. Во март во 5 дена се вратени вкупно 9,276 милијарди денари што е 47 отсто од сите вратени пари. Во јануари се вратени 2,276 милијарди денари, а во февруари 8,08 милијарди денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра