Зошто во Македонија платите на програмерите се многу повисоки од просечните?
Објавено во: Економија 25 Септември, 2018
Еден од индикаторите дека Македонија заостанува во однос на поразвиените земји и дека нема функционален пазар на труд е тоа што во земјата постои огромен јаз помеѓу доходите на програмерите и оние со просечна нето-плата.
Според последните податоци кои беа објавени пред неколку дена, нето-платата во Македонија е 24.072 денари, а онаа на програмерите и сродните дејности стигна до 1.000 евра, но во земји како САД, Британија, Русија, Хрватска тоа воопшто не е така.