САМО ВО МАКЕДОНИЈА: огромна „дупка“ помеѓу просечната плата и онаа на програмерите
Објавено во: Економија 25 Септември, 2018 07:00
Според податоците што ги објави Заводот за статистика пред три дена на врвот на листата на највисоки плати е секторот „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ каде што просечната плата изнесува 60.112 денари и за прв пат достигна 1.000 евра.
Тоа е голем јаз споредбено со просечната плата, која изнесува 24.072 денари, особено ако се спореди со другите поразвиени и поголеми земји. Просечната плата на македонските програмери е сигурно уште поголема, бидејќи во категоризацијата на Заводот за статистика оваа професија оди заедно со други сродни како што е ИТ-администраторот.
Како споредба, ќе ја земеме разликата помеѓу просечната плата во Хрватска и просечната плата на програмерите. Така, на годишна основа, просечниот Хрват заработува 67.032 куни, а просечниот програмер 102.720. Разликата е 35.688 куни годишно, што е приближно цена за целосно реновирање на куќа, но далеку помал јаз во однос на македонскиот.
- Се работи за странски пари и затоа разликата во однос на другите професии е навистина поголема, бидејќи домашните компании немаат таков промет за да имаат потреба од скап софтвер. Тоа е една од ретките професии кај кои секогаш се бара работник повеќе. И сами можете да видите дека секој втор оглас е за програмер, а има и отворени огласи кои траат цела година и не се менуваат. Висината на платата зависи од повеќе критериуми, но јас би рекла дека најмногу од расположението на газдите, на кои и онака им се исплатат трошоците за една македонска плата. Најтешко во работата е тоа што се работи на рокови и се брза, а се друго е подобро - вели искусниот програмер Елена Ј., која работи за компанија со седиште во странство.
Во САД просечниот работни работи за 46.384 долари, а програмер заработува 69.083 долари годишно, или пак во Велика Британија има многу помала разлика, каде што просечниот Британец заработува 25.500 фунти годишно, а изработувачите на софтвери заработуваат 30.625 фунти годишно.
За пример може да се земе и Русија, каде што соодносот е 493.680 рубљи годишна плата, во споредба со еден познавач на најзастапениот програм - Java, кој добива годишно 961.173 рубљи.
Постојат и екстремни исклучоци во спортивна насока, како што е Турција, каде што просечен годишен доход на работник е нешто повеќе од 4.000 долари, а просечен разработувач на софтвер може да се пофали со дури 35.662 долари.
Платите во истиот сектор, но кај ИТ-администраторите е далеку помала, што ја прави веројатноста програмерите во Македонија да земаат многу поголем доход од просечниот од 1.000 евра.
- Се движат над 500 евра, а има и такви кои заработуваат од 700 до 800. Овде тие плати се пониски, иако на пример во Германија искусен во својот занает може да добие и до 10.000 евра месечно - ни изјави Дарко П. , ИТ-администратор од Скопје.
Во последно време многу поголем е интересот на младите за студирање на информатички науки, а добрата заработувачка и брзото вработување е една од причините за таквиот тренд.
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?
ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија
Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот




