10 Мај, 2024
0.0484

Зошто успеа проектот Ајфелова кула?

Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Изградбата на кулата била трка со времето во текот на една година која содржела прослави на стогодишнината од Француската револуција. Спротивно на популарните верувања, проектот не е само техничко достигнување  туку и голем подвиг во поглед на финансирањето. 

Иако Гистав Ајфел сам го носел ризикот од изградбата, нејзиното финансирање било иновативно. Формата на финансирање ја конструирале луѓето од Сосиете Женерал, а како конзорциумски партнери, покрај Сосиете Женерал, застанале и  Франко-египетската банка и банката „Индустриски и комерцијални кредити“, кои инвестирале до 2,5 милиони француски франци, што претставувало половина од капиталот, при што секоја банка придонела со по една третина од инвестицијата.

Ризикот на проектот за првпат не го сносел само инвеститорот туку и финансиска институција. На крајот се покажало дека Сосиете Женерал точно знаела што финансира и каков проект поддржува. Враќањето на средствата се реализирало повеќе од  успешно, со оглед на фактот што пакетот предвидувал враќање на долгот преку продажба на билети. Идејата доживеала целосен успех затоа што само за време на Светскиот саем Ајфеловата кула ја посетиле 2 милиона посетители. Ова ќе остане највисок споменик на планетата во наредните четириесет и една година.


И не случајно, само на една личност од големата толпа народ ѝ било дозволено да се качи на кулата. Тоа бил господинот Октав Хомберг, главниот извршен директор на Сосиете Женерал. Неговото присуство не било изненадување, зашто Сосиете Женерал, како водечки партнер во големи индустриски проекти и како банка отворена кон технолошките иновации, се вклучила во проектот и помогнала кулата успешно да се заврши навреме за отворањето на Светскиот саем во Париз. 

На Парискиот светски саем во 1900 година, Сосиете Женерал добила павилјон во подножјето на кулата. Но, пред сè, банката може да се пофали дека помогнала да се подигне еден извонреден споменик и еден симбол признат во целиот свет. Ајфеловата кула сè уште доминира во Париз и продолжува да инспирира, и во Франција и во странство.

Сосиете Женерал е историски горда на ова партнерство. Поврзувањето на компанијата со завршувањето на овој амбициозен проект ја остава Сосиете Женерал доследна на својата вековна историја на отвореност кон иновативноста, креативноста, напредокот и модернизацијата на секојдневието (градежни техники, железници, електрична енергија, телефони, потоа автомобили итн.). 

Охридска банка Сосиете Женерал, која оваа година го прославува десетгодишниот јубилеј од своето работење во Македонија, со своето работење, како и со поддршката и поттикнувањето на иновациите доследно го следи духот на групацијата Сосиете Женерал. 

Носена од корпоративната култура, Охридска банка Сосиете Женерал за својот  десетгодишен јубилеј го креираше концептот „Чиста 10“ за поддршка на најдобрата бизнис-идеја. Најдобрата остварлива бизнис-идеја како награда ќе добие износ од 10.000 евра, како и поддршка од Банката во идните чекори од реализацијата, што несомнено претставува инвестиција во општеството, вложување во иднината и во потенцијалот на земјава. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните