21 Мај, 2024
0.0319

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Како дел од својата заложба за обезбедување поддршка и уште поголема вредност за своите корисници, А1 Македонија со големо задоволство најавува збогатување на своето портфолио и ја дополнува понудата што се состои од ORYX-услуги, овој пат за помош во домот или Home Assistance, со цел да ги задоволат потребите на A1 постпејд мобилни и корисници на фиксни услуги.

Од денес, А1 ги става на располагање услугите за помош во домот обезбедени од реномираната компанија „Oryx Assistance“. Со цел обезбедување исклучителна вредност, корисниците може да ја изберат услугата без притоа да склучуваат дополнителен договор и да ја откажат услугата без дополнителни надоместоци.

Услугата за помош во домот, Home Assistance,овозможува техничка помош во случај на итна интервенција за отстранување дефекти во домот.На располагање на корисниците се повеќе поволности, како што сеобебзедување помош при дефекти со водовод, браварија, електрична инсталација, столарија и стакларија, како и контакт-центар достапен во текот на 365 дена во годината, 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Со Home Assistance, корисниците добиваат помош при дефекти за санација на брава или овозможување отворање врата поради заглавен/скршен клуч во брава, скршена брава или оштетена брава во случај на провална кражба, неможност за затворање надворешни врати и прозорци поради кршење или оштетување на самите врати или прозорци, како и на нивните рамки, санација на водоводни и канализациски цевки поради пукната цевка, протекувања од споеви на водоводни цевки, протекувања од централен систем за греење, затнати одводни и канализациски цевки, санација на електрична инсталација поради краток спој, оштетена изолација на кабли, оштетени електрични спојки.

Дополнително, на барање на корисниците, отворена е можноста корисниците да се договорат со ORYX-асистентот за дополнителна поправка со соодветна доплата.

Услугата Home Assistance е достапна без обврска за склучување договор, по цена од само 99 денари месечна претплата, додека, пак, вредноста на покритието на услугата изнесува 13 000 денари годишно, со можност за користење на поволностите најмногу 3 пати годишно.

Услугата може да биде активирана во продажните салони на А1 или преку повик на Контакт-центарот на А1 на бројот 077 1234.

Повеќе информации може да најдете на www.a1.mk.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи