20 Мај, 2024
0.0261

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

НЛБ Групацијата ги објави трите најдобри регионални идеи за подобро општество од проектот „Рамка за помош“, кој четврта година по ред се спроведува на сите пазари каде е присутна Групацијата. За проектите одлучуваше интернационално жири составено од експерти со богато искуство во областа на претприемништвото и одржливоста, пришто беа избрани оние проекти за кои жирито сметаше дека најмногу можат да помогнат да се надминат предизвиците во општеството, системските нееднаквости и да придонесат кон благосостојба на поединци. За поддршка на најдобрите идеи, НЛБ Групацијата обезбеди вкупен фонд од 100.000 евра.

Регионален победник во проектот „Рамка за помош“ за оваа година е Krožnik app – иновативно софтверско решение кое помага да се намалат ефектите од два големи проблеми во општеството: гладта и фрлањето на храна. Станува збор за апликација која ги поврзува корисниците со рестораните, кафетериите, пекарите и останатите локали на кои им останува вишок храна на крајот од денот. Апликацијата покажува листа на расположливи состојки и оброци од компании близу корисникот, по намалени цени, групирани во посебни пакети. Корисниците можат да ги истражат овие листи и да одберат продуктна група базирана на нивните преференци. Победничката идеја доби парична награда од 50.000 евра.

Второто место ѝ припадна на српската компанија Inclusio, која разви апликација што им помага на луѓето со разни инвалидитети и доби финансиска поддршка од 30.000 евра. Апликацијата има две компоненти, едната за лицата со попреченост, а другата за вработени кај даватели на услуги, на пример банки, супермаркети и сл. Откако лицето со попреченост ќе влезе во просториите, апликацијата го известува давателот на услугата, а нивниот персонал веќе знае каков вид на помош е потребна.

Решението Zuno Gomes на црногорската компанијa Alicorn, апликација за гејмификација на наставниот метод во образовниот процес, го освои третото место и доби парична награда од 20.000 евра.

Изборот на проекти за оваа година беше спроведен преку отворен конкурс од 29 јануари до 10 март, на кој организации од регионот имаа можност да пријават сопствен проект насочен кон решавање на социјално-општествените проблеми во заедницата и поттикнување на одржливоста. На конкурсот се пријавија 272 организации од сите земји каде е присутна НЛБ Групацијата, а само во Македонија пристигнаа 70 апликации, од кои локална комисија ги одбра најдобрите 10 одржливи идеи во земјава.

Десетте финалисти НЛБ Банка Скопје ги наградува со парична поддршка во износ од 60.000 денари и бесплатната Visa картичка, а истите добија и медиумска поддршка и презентација на дигиталните канали на Банката и медиумските партнери на проектот. Овие 10 решенија беа и дел од 60-те регионални финалисти кои влегоа во завршната селекција.

Инаку годинава, учеството во проектот „Рамка за помош“ беше отворено за компании, трговци-поединци и физички лица кои самостојно вршат деловна дејност, кои даваат можности за одржливи идеи и проекти со социјална нота, без разлика на индустријата. 

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата