10 Мај, 2024
0.0263

ЗАВРШИ ПРАЗНИКОТ НА ГАСТРОНОМИЈАТА ГастроМак Македонија 2017

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Со заминувањето на последните гости од Монголија, вчера и формално се спушти завесета на Вториот Интеранационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017. Во изминатите седум денови, Македонија покажаа дека и една мала земја и дваесетина ентузијасти можат да организираат врвна меѓународна гастрономска манифестација, која ги подига стандардите на највисоко можно светско рамниште – едногласни се оценките на сите судии, натпреварувачи и гости кои што имаа можност да го посетат ГастроМак 2017 во хотелот Вила Парк во Струмица.

“Ова беше извонредна манифестација, вистински празник за гастрономијата! Спој на најразличните вкусови од сите страни на светот. Чест ни беше што учествувавме на врвен кулинарски фестивал. Се гледаме и следната година во Македонија!”, изјави Бајанделгер Дорјготов, Претседател на Монголската Мастер Шеф Асоцијација.

Од 24 до 28 октомври, Македонија и Струмица ги живееја деновите на светското кулинарство. Над педесетина врвни судии на WACS, Светската асоцијација на шефови и тристотини натпреварувачи од триесетина земји, се натпреваруваа во 28 категории во најразлични видови на готвење храна. Гранд Прито, според стручното жири, отиде во рацете на тимовите од соседна Србија, а престижната награда за Најдобар готвач за 2017 на завршната церемонија ја додели, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.


“Впечатоците допрва ќе ги средуваме, во следните денови. Оценките од сите се дека Македонија направи врвна манифестација. Тоа е поголема обврска следната година да направиме уште подобар настан”, изјави Адријана Алачки, Претседател на ГастроМак, Асоцијацијата на готвачи на Македонија, во чија организација беше овој голем кулинарски натпревар.

Можеби ќе ве интересира

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство