Добивај вести на Viber
Приближувањето на ставовите за формирањето европска монетарна и банкарска унија, но и постигнување договор за стартување на Единствениот супервизорски механизам до почетокот на идната година, беа главните заклучоци кои го последниот Самит на Европскиот совет што се одржуваше изминативе два дена.
Членките на Унијата изразија надеж дека ќе ги подобрат односите со Кина, ке го стабилизираат економскиот раст и вработување , но и надворешната политика.
„ Со колегите од Советот ги разгледавме сите области каде е потребен итен прогрес, додека Европската комисија презентираше деталите околу притисокот кон земјите-членки за политика за раст и вработување“, истакна на затварањето на Самиот претседателот на Советот Херман Ван Ромпуј и побара позитивен пристап кон проблемите.
Ноемврискиот Самит на Европскиот Совет не дава можност за донесување конечни одлуки, што значи, сите договори и заклучоци се очекува да бидат усвоени на следниот самит кој е закажан за идниот месец.