Заразен маж се облекол во никаб и се качил во авион
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Јули, 2021
Индонезиец заразен со коронавирус се маскирал како својата сопруга и се качил во авион.
Сепак тој е откриен откако авионот полетал. Човекот носел никаб, облека што ја користат жените во муслиманските држави за да ги покријат лицата, а со себе ги имал пасошот на неговата сопруга и нејзиниот негативен тест за коронавирус. Инцидентот се случил на летот Џакарта – Тернате, а можеби и немало да биде откриен доколку не се пресоблекол за време на летот. Една од стјуардесите го забележала дека влегол како жена, а излегол како маж, па го вклучила алармот. Човекот е уапсен, направен му е тест, се покажало дека е позитивен и е пратен во изолација.
foto Wikipedia