Заев: Во април сите членови на СДСМ ќе гласаат за претседател на партијата
Објавено во: Македонија 01 Септември, 2020
Премиерот Зоран Заев на денешната средба со новинарите рече дека во април следната година ќе се одржат избори за претседател на СДСМ на кои ќе гласаат непосредно сите членови на владеачката партија.
- Пред јавноста ќе откријам дека во април месец ќе има гласање за претседател на СДСМ на сите членови на партијата, откако за тоа ќе се направи статутарна измена, рече претседателот на Владата.
Тој најави дека на денешната владина седница ќе се носат конкретни одлуки за платите на културата и детските градинки,како и за дивоградбата кај Мавровка.
За пакетите за економска помош прво ќе има постапка на консултации со синдикатите и коморите, а за тоа денеска ќе добие насоки економскиот тим, најави Заев.