Заев вели дека и во време на пандемија се зголемуваат платите, а тоа е реткост во Европа
Објавено во: Економија 26 Октомври, 2021
Премиерот Зоран Заев вчера во вестите на Сител изјави дека минималната плата расте, а невработеноста во државата се намалува.
Вели дека и во време на пандемија, просечната плата пораснала. Според него, тоа е реткост и во Европа.
„Две и пол години без избори се навистина реткост во нашата земја, ние секоја година имаме некои избори, а во овие две и пол години сето тоа што го вложивме, на крајот мора да го валоризираме со економски стандард на граѓаните, со работни места, повисоки плати, пензии за граѓаните, тоа мора да го искористи нашата земја. Јас верувам дека сите и власт и опозиција ќе бидат ЗА, знаејќи дека има стабилно парламентарно мнозинство и тоа треба да се искористи,“ кажа Заев.
Најави дека од 1 јануари, минималната плата ќе изнесува 18.000 денари.
Но, има сектори каде покачувањето на минималецот би довело до отпуштање на работници.