04 Мај, 2024
0.0251

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Објавено во: Економија 25 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Скопската цементарница и понатаму продолжува да биде една од најдарежливите компании за своите акционери. Годинава од нејзината дивиденда македонските акционери вкупно 247 физички лица ќе поделат 1 милион евра. Другите 21 милион евра одат за Холандија на сметка на најголемата европска индустрија за цемент „Титан“

Скопската цементарница „Усје“ повторно богато ќе ги награди сите свои акционери. Предлог одлуката покажува дека на претстојното собрание закажано за 23 мај годинава акционерите ќе одлучат дали одобруваат друштвото да им подели по 35 евра нето дивиденда по акција. Дивидендата се однесува на добивката од 2023 година во која компанијата оствари добивка по оданочување во вредност од 24,5 милиони евра. Со споредба со претходните две години оваа дивиденда е најголема. Во споредба со дивидендата доделена за работењето во 2021 година (најголема досега) дивидендата што ќе се додели сега е повисока за 15 отсто.

Споредено со последната пазарна цена на таа акција (трансакција на берза од 19 март годинава) приносот на вложувањето е 7 отсто. И тоа е неспоредливо подобро од годишна камата на орочен депозит во денари (што е поисплатлива варијанта на орочување во однос на штедење во евра н.з.).

Вкупно „Усје“ годинава ќе исплати 22,14 милиони евра дивиденда. Од тие пари 10 отсто односно 2,2 милиони евра ќе влезат во централниот буџет преку УЈП која го зафаќа данокот (персоналец за домашни физички лица и на заддршка за правни лица кои примаат дивиденда).
Во вкупната дивиденда делот од ланската добивка учествува со 17,86 милиони евра, а останатите 4,3 милиони евра се од добивката која се чувала како нераспределена уште од 2017 година.

Помалиот дел од добивката за 2023 година во износ од 6,7 милиони евра ќе остане да се чува за потребите на компанијата односно е резервиран за реинвестирање.

Како што сме пишувале и досега убедливо најголем дел од дивидендата на „Усје“ излегува од Македонија и оди на сметката на холандски „Титан“ најголемата цементна индустрија во Европа. Станува збор за акционер кој во скопската компанија поседува 95 отсто од акциите и за нив ќе добие бруто дивиденда во износ од 21 милион евра.

Домашните акционери, според официјалната евиденција на Централниот депозитар 247 лица, ќе поделат меѓу себе бруто износ од 1,1 милиони евра односно нето износ (по одбитокот на персоналниот данок) од 1 милион евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?