23 Април, 2024
0.0263

Дали е изводливо во чевларството и текстилот минималецот да се зголеми на 18.000 денари?

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Од чевларскиот и текстилниот сектор, реагираат по најавата на премиерот Зоран Заев дека од 1 јануари минималецот ќе се зголеми на 18.000 денари, и велат дека тоа не е изводливо, односно ќе доведе до отпуштање на работници или затворање на фирми.

И од двата сектори, велат дека беа погодени од корона кризата, чекаат закрепнување на економијата и враќање во нормала. Лидија Милановска, претседателка на Здружението на чевлари Куманово вели  дека ако за некој месец минималецот скокне на 18.000 денари, многу работници ќе останат без работа.

„Нашите работници се задолжени со кредити, и ако останат без работа ќе нема од што да живеат. Некој треба да мисли и за тие луѓе. Кај мене и сега има работници кои земаат по 18.000, 19.000 денари, но на тој што зема 15.000 јас не можам да му дадам 18.000 денари. Покачување може да има, ама ако се осмисли како да биде субвенционирано. Ние не можеме да се опоравиме од корона кризата и постојано имаме по неколку работници кои отсуствуваат од работа поради вирусот“, вели Милановска.

Маријана Перковска од Текстилниот кластер објаснува дека репроматеријалите се поскапени, струјата поскапе, продуктивноста е ниска, а со автоматизацијата бавно напредуваат, така што целокупниот амбиент не дозволува зголемување на минималната плата.

„Ако се носат некои мерки за секторот, за тоа треба да има дискуција, и секоја одлука да добие „амин“ од бизнис заедницата. Со зголемување на нето платата се зголемува и бруто платата. Тоа се најмалку 50 евра плус по работник месечно“, рече Перковска.

Се смета дека и во трговијата ќе биде тешко да се исплаќа минималец од 18.000 денари. Од текстилниот сектор велат дека и претходно кога се покачувал минималецот, дел од фирмите се соочиле со проблеми во работењето.  Заев вети дека минималната плата ќе скокне на 18.000, а просечната на 30.000 денари. Македонија е меѓу земјите со најниски плати во регионот, а трошоците за живот пораснаа и по Нова година можно е да имаме нови поскапувања. Инаку, во овие сектори, откако почна пандемијата имаше отпуштања во неколку наврати.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска