17 Мај, 2024
0.0365

Заев ја има Владата, ќе го издржи ли притисокот на три албански политички партии

Објавено во: Македонија 19 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Остри тонови, отровни стрели, уцени, неприфаќање на коалиција - тоа беше суштината на односите на двете коалициони партии СДСМ и ДУИ пред изборите, но делумно и по обелоденувањето на изборните резултати по 15 јули годинава. Староновите владини партнери ги спуштија копјата и лидерите Зоран Заев и Али Ахмети си подадоа рака. Остана да виси и времето да покаже дали несогласувањата беа суштински или блед блеф, исто каков што можеби е и идејата за Албанец премиер кој требаше да донесе подобри позиции во преговорите. ДУИ не отстапи од ова барање но големата амбиција на Ахмети да го седне Насер Зибери во премиерското столче му донесе нови министерски места. Сепак договорено е Македонија да има Албанец премиер 100 дена пред истекот на мандатот на оваа Влада кој што ќе го делегира ДУИ. По Пржинскиот модел тоа е функцијата на технички премиер кој пак го партијата на власт од македонскиот блок. Со ова се укинува техничката влада, а таа одлука ќе биде изгласана во Парламентот со просто мнозинство.

ПРЕДИЗВИЦИ И МНОГУ РАБОТА

Во новиот мандат Заев ќе раководи со Влада во која освен БЕСА партијата која му беше предизборен коалиционен партнер, ќе партиципираат уште две албански партии, ДПА и ДУИ.

Колку овој договор гарантира дека ќе функционираат во стабилна влада нови четири години? Пред себе имаат многу работа и ветувања особено во време кога Македонија е во исчекување на преговарачки процес со Брисел. Дополнително економската и здравствената криза предизвикани од пандемијата на Ковид-19. Очекувањата се големи, а пред новите функционери повторно е предизвикот да ја сменат сликата за политичари на кои навикна јавноста. 

Квалитетни, одговорни и отчетни кадри да бидат предложени за сите ресори од двете партии. Кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи од овој коалициски договор. Притоа треба да се запази и принципот на еднакво општество за сите, и родовата еднаквост. Освен вицепремиерските места во новата Влада нема да има министри без ресор, рече Заев по договорот вчера.

Ветува подобар економски стандард на сите граѓани. Зголемување на платите, нови работни места и повторно, право и правна држава за сите. 

„Да се зголеми отчетноста и транспарентноста на институциите на сите нивоа на власт, но и да се намалат привилегиите на функционерите. Намалување на обемот на администрацијата за 20 проценти, преку спојување на функциите и надлежностите на институциите, а со цел граѓаните да добијат поквалитетни, подобри и побрзи услуги. Ќе тргнат на работа сите вработени по Рамковен договор кои останаа нераспоредени во државните институции, а институциите ќе ги одобрат барањата на вработените за признавање на образованието согласно последните промени во Законот за вработени во јавната администрација и јавниот сектор, коишто парламентот во претходниот состав веќе ги донесе, рече тој.

МНР ГО ИМА ДУИ - ПОДЕЛБА НА РЕСОРИТЕ

Договорот ќе биде презентиран пред највисоките органи на СДСМ и ДУИ во текот на денешниот ден. Потоа во јавност аќе бидат обелоденети и кадровските решенија и поделбата на ресорите во министерствата. Фактор вчера објави дел од можните опции. Информацијата дека Министерството за надворешни работи ќе му припадне на ДУИ, подоцна во текот на денот ја потврди Артан Груби, висок партиски функционер. Тој тврдеше дека е покрај премиер Албанците во регионот имаат тројца министри за надворешни работи. Нашите извори брифираат дека Никола Димитров ќе биде нов министер за правда.

Според нашите информации ДУИ ги добива и Министерството за финансии, за екологија, Министерството за политички систем и за Информатичко општество и администрација.

ДУИ ќе го назначи Фатмир Бесими за министер за финансии, брифираат нашите извори. 

Веќе објавивме дека се тврди дека Талат Џафери ќе остане претседател на Собранието.


ВМРО-ДПМНЕ: ПРЖИНСКИОТ МОДЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СЕ УКИНУВА ЕДНОСТРАНО

Државата ќе добие Влада која пет пари не вреди и која е криминална, е ставот на ВМРО-ДПМНЕ

„Што се однесува до укинувањето на Пржинската влада и премиер Албанец, самиот пржински модел беше договорен меѓу опозицијата и власта, Заев нема право без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор кој беше гарант на тој модел да го укинува еднострано и да го пазари во договорот за неговата Влада. Оттука се работи за уште една нова спектакуларна лага на двајцата лидери која има за цел да се отргне вниманието на крими - коалицијата која ќе ја формира владата“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Реагираа и од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтерантива, според кои оваа Влада е нелегитимна.

„Измамничка е затоа што и СДСМ и ДУИ ги излажаа граѓаните. Нелегитимна е затоа што партнер во Владата станува партија која насилно и манипулативно ја ограби политичката волја на Албанците. ДУИ го прекрши единственото предизборно ветување за премиер Албанец, а СДСМ кога кажа дека во никој случај нема да коалицира со ДУИ. Затоа оваа Влада ќе се соочи со 12 пратеници и народ кој нема да дозволи измама и узурпација на политичката волја“,  велат оттаму.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори