Груби: Tројца албански министри за надворешни работи во регионот, историја
Објавено во: Македонија 18 Август, 2020
Генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби попладнево на својот Фејсбук профил се пофали дека партијата го добила Министерството за надворешни работ
„Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот. Историја“, напиша Груби.
Тој објави пост и од министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај, во кој се потврдува дека со македонската дипломатија ќе раководи кадар од ДУИ.
Цакај во постот објавува дека веднаш по постигнувањето на договорот за владината коалиција телефонски зборувал со Груби.
„Искажав искрени честитки за историскиот договор што ќе овозможи за прв пат да има премиер Албанец во во Северна Македонија, дури и ако е само 100 дена. Исто така претседателот на Собранието ќе биде Албанец, останува историско достигнување дека дипломатијата на Северна Македонија ќе ја предводи Албанец“, пишува Цакај.Утре ќе има појасна слика за распределбата на министерските места.