20 Мај, 2024
0.0253

За Трамп Асад е „касап“ и бара да се стави крај на војната во Сирија

Објавено во: Свет 13 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека е време да се стави крај на бруталната граѓанска војна во Сирија. 

САД во Сирија прв пат извршија напад, по хемискиот напад, за кој постои сомневање дека го извршил режимот на сирискиот претседател, Башар Aл Асад.

Трамп Асад го нарече „касап“, кој е обвинет од западните земји дека го наредил хемискиот напад во Хан Шејхун, во кој беа убиени 87 лица, меѓу кои десетици деца.

„Време е да се стави крај на оваа брутална војна, да се победат терористите и да им се даде можност на бегалците да се вратат во своите домови“- вели Трамп на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Белата куќа.

Тој вели дека постои можност Русија, која е сојузник на режимот да знаела за хемискиот напад.

„Тоа е можно, но сепак е малку веројатно и знам дека во моментот тие го истражуваат тоа. Ќе си земам за право да кажам дека тие (Русите) не знаеле, но можеби нешто знаеле. Тие биле таму“- вели Трамп. 

Трамп изјави дека за него нема „апсолутно никакво сомневање“ дека САД постапиле правилно, со тоа што одговориле на хемискиот напад со ракетен напад врз сириска воено воздухоловна база.

„Би било прекрасно НАТО и нашата земја да можат да се разбираат со Русија. Во моментов воопшто не се разбираме со Русија. Кога станува збор за односите со Русија можно е тие да се најниско ниво од кога и да е“ - рече Трамп. 

Трамп напомена дека американскиот државен секретар Рекс Тилерсон имал повеќе успешни средби во Москва.

Можеби ќе ве интересира

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси