21 Мај, 2024
0.0488

За што вложува Владата 5,8 милиони евра во МЕР?

Објавено во: Економија 12 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Владата вложува над 5,8 милиони евра во државната компанија Македонски енергетски ресурси (МЕР). Фирмата која го стопанисува националниот гасовод впрочем веќе има одобрение од Комисијата за хартии од вредност да издаде емисија на акции кои целосно ќе ги купи единствениот акционер односно Владата. Ова е шеста емисија на акции на друштвото, а последната беше лани на крајот на годината кога Владата вложи над еден милион евра.

„Македонски енергетски ресурси доби одобрение да ја издаде шестата емисија од 58.540 обични акции, во вредност од 5.854.000 евра односно 359.991.730 денари. Акциите се издаваат по пат на приватна понуда, а се наменети за единствениот акционер- Влада на Република Македонија, како институционален инвеститор“, стои во одлуката на Комисијата за хартии од вредност.

МЕР ги добива парите од државниот буџет оти во моментов практично нема свои приходи. Фирмата е одговорна за изградбата на гасоводот и ако не земе пари од државата ќе треба да се задолжи со кредит или да позајми од други државни институции. Сега, со оваа емисија Владата вложува во нови 58.540 обични акции. Моментно, а пред да се реализира оваа приватна понуда, односно вложувањето, МЕР е акционерско друштво со вкупно 15.176 акции. По шестата емисија друштвото ќе има за речиси пет пати поголем акционерски капитал.

Според наши информации овие пари ќе се трошат за покривање на трошоците за експропријација, процес со кој се соочува МЕР при изградбата на магистралниот гасовод. Дел од парите се за кирија, плати и сметки односно тековни трошоци.

Инаку МЕР досега го изгради магистралниот гасовод од кумановско Клечовце до Штип кој всушност беше комензиран со руски фирми за стар клириншки долг. Моментно се работи на краците кон Неготино и Битола. Проектот за гасификација се финансира со донации од Владата, со кредит од германските Дојче банк и Ерсте банк. За новите проекти кон Штип, Неготино и Битола како и за гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар се наменети 90 милиони евра од двете германски банки. Според извештајот лани од тие средства биле финансирани активности во вредност од 1,4 милијарди денари односно 22,77 милиони евра.

МЕР стана актуелен и по барањата на екологистите откакко стана јасно дека дел од магистралниот гасовод ќе поминува низ Водно, за што како што с етврди ќе се уништи голем дел од парк шумата. Завчера на трасата беше и вицепремиерот Кочо Анѓушев кој рече дека ќе се заложи максимално да се надомести штетата. Вели дека нова траса би значело дека и друга шума ќе биде уништена, но вети дека за секое дрво ќе се садат и по неколку нови.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте