18 Јули, 2024
0.0266

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Објавено во: Економија 21 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Многу битна вест денеска преку Берзата стигна до акционерите на успешната хотелиерска компанија „Македонијатурист“.

Имено, тоа акционерско друштво стартува со исплата на дивиденда за своите акционери, па затоа и се бара, сите кои ги немаат доставено податоците, тоа да го сторат во што побрз рок.

„‚Македонијатурист' АД Скопје ги известува сите акционери иматели на обични акции дека согласно Одлуката од 17 април 2024 година донесена на Годишното Собрание на акционери, ќе почне да врши исплата на дивиденда за 2023 година. Се повикуваат сите акционери со право на дивиденда за 2023 година, кои ги немаат доставено своите податоци и трансакциски сметки потребни за исплата на дивиденда, нив да ги достават на следниот начин: по електронска пошта на адресата: maktur@makedonijaturist.com.mk или по пошта на адресата: Македонијатурист АД Скопје, ул.Филип Втори Македонски бр.5, 1000 - Скопје“, се вели во објавата од компанијата на Берзата.

Како што веќе пишуваше Фактор, „Македонијатурист“ е една од најредовните компании во исплата на дивиденда, а годинава на своите акционери компанијата ќе им подели 1,32 милиони евра бруто дивидендаНето дивидендата по акција изнесува 3 евра за акција и во споредба со лани е зголемена за речиси 50 отсто. Оваа компанија лани додели 120 денари дивиденда за акција.

Исто така, веќе пишувавме и дека, откако пред нешто повеќе од еден месец, преку берзанска блок трансакција беа продадени акции за над два милиони евра на хотелиерската компанија „Македонијатурист“, во петокот минатата недела повторно се случи голем акционерски трансфер. Имено, Берзата објави две блок трансакции со акции на „Македонијатурист“, кои исто така се на прилично значајни суми, и тоа првата на близу 717 илјади евра, а втората рамно на 150 илјади евра. Во првата блок трансакција се продадоа 7.167 акции на ова акционерско друштво, по цена од 6.150 денари за акција, со што вкупната вредност на зделката беше 716.700 евра. Додека, пак на втората трансакција поминаа 1.500 акции, по истата цена, што направи овој блок вкупно да тежи 150.000 евра.

Иако тоа се очекуваше, вчерашниот понеделник не донесе одговор на прашањето кој во петокот, но и пред еден месец, купи поголема количина акции од „Македонијатурист“. Вчерашната состојба на Централниот депозитар за хартии од вредност, која е рефреширана, што значи дека во себе ги содржи сите промени во акционерската структура кои се направени во минатата недела, повторно дава иста состојба за „Македонијатурист“. Односно, во таа хотелиерска компанија повторно има само тројца сопственици кои имаат над пет отсто од акциите, и тоа тие ги поседуваат истите проценти акции како и во петокот минатата недела, пред да се вкалкулираат и пакетите од блок трансакциите.  

Имено, и натаму најголем акционер во „Македонијатурист“ останува Доне Таневски, актулен претседател на Надзорниот одбор на компанијата и нејзин долгогодишен директор, кој, и во петокот, а и денеска, располага со истата количина акции, односно 19,59 отсто од акциите со право на глас. Втор по големина акционер, исто како и претходно, и денеска е Соња Бибановска, која исто така беше долгогодишна директорка, а поседува 11,27 отсто од акциите. И, трет акционер, кој и вчера остана со истиот процент акции,  е задолжителниот пензиски фонд со кој управува „Сава пензиско друштво“, со 8,8 отсто од акциите.

 „Македонијатурист“ има нешто повеќе од 600 акционери од кои најбројни се домашните физички лица. 

Сите овие акционери ќе добијат дивиденда согласно со процентот на своите акции кој го поседуваат во тоа акционерско друштво. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Кошутиќ го остава најголемиот енергетски проект во земјата за да ги води македонски Железници АД

Кошутиќ го остава најголемиот енергетски проект во земјата за да ги води македонски Железници АД

„КРАЛОТ НА КАФЕТО“ НОСИ ЛОШИ ВЕСТИ: Заради новите правила на ЕУ, цената на шолја од овој напиток многу ќе поскапи!

„КРАЛОТ НА КАФЕТО“ НОСИ ЛОШИ ВЕСТИ: Заради новите правила на ЕУ, цената на шолја од овој напиток многу ќе поскапи!

„ДА ИМАМ ДА МИЛОН ДОЛАРИ НЕ ЗНАМ ШТО БИ ПРАВЕЛ СО НИВ“: Џамински живее со 2.600 долари месечно и вели дека не му треба ништо повеќе

„ДА ИМАМ ДА МИЛОН ДОЛАРИ НЕ ЗНАМ ШТО БИ ПРАВЕЛ СО НИВ“: Џамински живее со 2.600 долари месечно и вели дека не му треба ништо повеќе

СЕПАК НИКОЈ НЕ ИЗВАДИ СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - пропадна берзанската аукција, немаше куповен налог за „Македонијатурист“

СЕПАК НИКОЈ НЕ ИЗВАДИ СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - пропадна берзанската аукција, немаше куповен налог за „Македонијатурист“

КИНЕЗИТЕ ИМААТ ПЛАН: Преку оваа земја ќе ја „затрупаат“ Европа со евтини електрични автомобили

КИНЕЗИТЕ ИМААТ ПЛАН: Преку оваа земја ќе ја „затрупаат“ Европа со евтини електрични автомобили

Крешник Бектеши: Цел месец помина, нема 7.000 ваучери за клима-уреди

Крешник Бектеши: Цел месец помина, нема 7.000 ваучери за клима-уреди

Владата го соопшти вториот ешалон: Екс-градоначалникот Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија

Владата го соопшти вториот ешалон: Екс-градоначалникот Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија

„Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот

„Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот

Средба на министерката Божиновска со Бјорн Габриел, Европска Инвестициска Банка

Средба на министерката Божиновска со Бјорн Габриел, Европска Инвестициска Банка