Работодавачи бараат субвенции за да ја покачат минималната плата
Објавено во: Економија 03 Август, 2019
Од Конфедерацијата на работодавачи разговарале со Владата за зголемување на минималната плата за македонските работници, но при тоа да се субвенционираат, односно да бидат ослободени од зголемувањето на придонесите.
Од таму барале двете страни заеднички да го превземат товарот преку изнаоѓање на посебно законско решение, информира Канал 5.
За работодавачите, под овие услови, зголемувањето на минималецот, кој сега е на границата од 12.500 денари, а за тоа ќе се разговара по одморите, односно во септември.
До крајот на јули Владата требаше да ја зголеми минималната граница, но премиерот Зоран Заев наведе дека истата мерка доцни поради анализите што се прават како да се стимулираат газдите да не даваат плата во кеш
Се очекува минималната плата да изнесува над 13.000 денари и истата да започне да се исплаќа во октомври.