Вучиќ го затвора Белград: Поради коронавирусот нови ригорозни мерки
Објавено во: Балкан 02 Јули, 2020
Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва ќе ги соопшти најновите остри мерки на заштита од коронавирусот за Белград, дознава Б92 од свои извори.
Одлуката ќе биде донесена по препорака на Кризниот штаб, а ваков исход следува по неповолната епдимиолошка ситуација во главниот град. Според сознанијата, не е исклучено да има целосен полициски час.
Според најновите податоци од вкупниот број тестирани во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 отсто од заразените се од Белград.