19 Мај, 2024
0.0311

Во мака јунак се познава! Која банка даде најмногу кредити за фирмите во корона кризата?

Објавено во: Економија, Корона Вирус 11 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Скопска Стопанска банка за шест месеци инјектира 31,2 милиони евра во кредити за фирми и со тоа во вкупниот раст на кредитирање на фирми учествува со неверојатни 49 отсто. Голем и храбар деловен потег на менаџментот со што банката која е најголем кредитор на физички лица направи продор на пазарот на корпоративно кредитирање.

Стопанска банка Скопје во првата половина од годинава е убедлив лидер во кредитирањето на компаниите на домашниот пазар. Верувале или не, оваа голема деловна банка која досега беше апсолутен лидер во кредитирање на граѓанството, го сврте компасот и се фокусира на корпоративното кредитирање.

Така, во услови на корона криза, Стопанска банка Скопје го зголеми кредитирањето компании за 31,2 милиони евра до ниво од 382 милиони евра. Уште позначајно е тоа што Стопанска банка Скопје во вкупниот раст на корпоративни кредити (за првото полугодие) учествува со фантастични 49 отсто во новоиздадените корпоративни кредити односно од вкупниот раст на корпоративни кредити кој изнесува 63 милиони евра. Со овој деловен потфат Стопанска банка Скопје во сегментот на корпоративно кредитирање речиси се израмни со НЛБ Банка во пазарното учество на корпоративно кредитирање.

На крајот на јуни кредитното корпоративно портфолио на Стопанска банка Скопје изнесува 382 милиони евра и тоа е за 8,9 отсто поголемо од износот на кредити за компании кои банката ги дала на крајот на декември лани.

Втора во кредитирањето на компании за првата половина од годинава, е најголемиот кредитор на нашето стопанство – Комерцијална банка. Нивото на кредитни корпоративни пласмани на крајот на јуни е за 17,5 милиони евра поголемо од почетокот на годината, а изнесува 594 милиони евра (со што оваа банка и понатаму останува најголем кредитор на стопанството н.з.). Растот на корпоративното портфолио изнесува само 3 отсто, а учеството во вкупниот раст на корпоративни кредити изнесува 28 отсто.

Банката чија „ужа“ специјалност е кредитирање мали бизниси и е позната по кредитирање компании Прокредит банка е трет најголем поддржувач на компаниите кои работат во земјава во корона време. Корпоративното кредитирање за пола година пораснало за 16,6 милиони евра до ниво од 357 милиони евра. Банката книжи раст за 4,9 отсто на сопственото корпоративно кредитно портфолио, а во вкупниот раст на корпоративните кредити учествува со 26 отсто.

Исклучително позитивно полугодие годинава имаше и Стопанска банка а.д. Битола. Нето добивката од јануари до јуни изнесува 52,42 милиони денари, додека заклучно со 31.07.2020 година добивката е 62,91 милиони денари. Ова е раст од неверојатни 1.454 проценти во однос на истиот период лани.

Стабилноста на работењето на банката и нејзиниот континуиран раст се должат на фактот што Стопанска банка а.д. Битола има високо ниво на капитализираност. Стапката на адекватност на капиталот во банката изнесува 18,74 проценти што е доста над утврдениот законски лимит од 8 проценти. По овој критериум Стопанска банка а.д Битола е една од трите банки со најголема стапка на адекватност на капитал.

Податоците од билансите покажуваат дека високо над задолжителниот минимум е и односот на ликвидна актива во однос на вкупна актива на банката кој заклучно со јуни изнесува 33,88 проценти. Односот на ликвидна актива во однос на депозити на домаќинства пак до крајот на јуни е 72,47 проценти.

Вредни за истакнување во овој период се уште и деловните резултати на банките кои наскоро ќе делуваат како еден субјект (поточно Охридска банка ќе се припои кон Шпаркассе банка). За периодот јануари – јуни Шпаркассе банка го зголеми кредитирањето на компании за 8 милиони евра до ниво од 144 милиони евра. Охридска банка го зголеми кредитирањето на компании за 7 милиони евра до износ од 276 милиони евра.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?