26 Април, 2024
0.0264

(ФОТО) Во „градот на духови“ по 33 години накитена Божиќна елка

Објавено во: Свет 26 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

За прв пат по 1986 година град во Украина кој бил погоден од катастрофата во Чернобил доби Божиќна елка. 

Накитена елка е поставена на главниот плоштад во Припјат, за првпат од катастрофата во нуклеарната централа во Чернобил во 1986 година.

Своевремено дом на повеќе од 47.000 луѓе, три километри оддалечениот Припјат и натаму нема услови за живот. Градот е загаден поради радијација.

Поранешни жители дојдоа во напуштениот град за да ја украсат елката и да направат семејни фотографии. Сето ова е дел од кампања организирана од локалната туристичка организација.

„Градот мора да продолжи да живее“, изјави Катерина Асламова од компанијата „Чернобил тур“.

Туристи од целиот свет доаѓаат да го видат градот. 

Познат е како „град на духови“, а десетици негови жители починале од канцер. 

Уништена панорама, отровни шуми и боја која се лупи од ѕидовите на зградите, се само некои од погледите кои денеска можат да се најдат во градот Припјат.

Градот е основан во 1970 год, како живеалиште на работниците од Чернобилската нуклеарната централа, и пред катастрофата имал 50.000 жители, а денес нема ниту еден постојан жител. 

Целиот град бил евакуиран за два дена по избивањето на катастрофата. 

Тој се наоѓа на северот од земјата, на граница со Белорусија. 

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек