05 Мај, 2024
0.0267

(ВИДЕО) Катаклизма од дрон: Како изгледа Чернобил денеска!

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Како денеска изгледа ова место знаеме благодарение на бројните истражувачи кои се впуштаат во опасни авантури во обид да ги откријат сите тајни на Чернобил и Припјат.

Уништена панорама, отровни шуми и боја која се лупи од ѕидовите на зградите, се само некои од погледите кои денеска можат да се најдат во градот Припјат, кој е уништен во нуклеарната катастрофа пред 30 години, Припјат се наоѓа во Украина, на само неколку километри од познатата нуклеарна електрана Чернобил, и некогаш броел 50.000 жители.

После катастрофата во 1986 година, ова место целосно е напуштено.

Како денеска изгледа ова место знаеме благодарение на бројните истражувачи кои се впуштаат во опасни авантури во обид да ги откријат сите тајни на Чернобил и Припјат. Дени Кок е еден од нив, а тој својот документарец од тоа подрачје го снимил со помош на дрон и камера која ја прикачил на него.

Припјат обраснал со плевел, а 'рѓосаните автомобили расфрлани стојат на улиците. Иако светот го заобиколија бројни фотографии на ова подрачје, ова е првиот документарец за чие снимање е користен дрон.

Чернобил е едно од најинтересните и најопасните места на кои сум бил. Нуклеарната катастрофа која се случи во 1986 година влијаеше на голем број луѓе, вклучувајќи го и моето семејство кога живеевме во Италија. Не можам да замислам колку сето ова било застрашувачко за стотици илјади луѓе кои биле евакуирани од оваа област - напишал Дени Кок.

Научниците уште не го знаат точниот број на луѓето кои настрадале од последиците на оваа експлозоја која ослободила 400 пати повеќе радијација отколку нуклеарната бомба која Америка ја фрли на Хирошима. Евакуирани се повеќе од 350.000 лица, а се проценува дека оваа зона нема да биде безбедна за живот уште 20.000 години.

Погледнете го видеото:

 

Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско