Во дури четири македонски градови воздухот е екстремно загаден
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2020
Четири македонски градови вечерва се екстремно загадени.
Многу високо загаден воздух е регистриран во Тетово, Куманово, Битола и Струмица.
Високо загаден е воздухот во Кичево, додека во сите други градови аерозагадувањето е помало.
Ова може да се забележи од податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.
Скопје утринава беше петти најзагаден град во светот, а вечерва е на 18 место.
Вчера беше прв на листата.
Балканците живеат во гасна комора, покажа најновиот извештај на Глобалната Алијанса за здравје и загадување. Македонија е на 13. место со 96 починати на 100.000 жители, на 18. место е Црна Гора (89), на 26. е Албанија (79) и на 34. место е Словенија со 68 смртни случаи како последица од загадувањето.