Добивај вести на Viber
Професорката Билјана Внковска, и кандидатка за претседател на Левица, истакна дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ја загрижувала.
„Гога си решава свој проблем, сократовски! Била личност. A нас и Македонија кој нѐ шиша !?
Тешко нас со претседателка која не ја знае содржината на преговарачката рамка (заедно со оние проклети протоколи од историската комисија), онаа рамка за која ние протестиравме а таа играше оро со другарките.
Накусо: таа нема ни храброст ни решителност да покрене постапка ни против Бугарскиот ни Преспанскиот договор.
Стево не го ни коментирам, таа ме загрижува повеќе. Божем субверзивна беше, а сѐ ќе почитува“, напиша таа на фејсбук.