02 Мај, 2024
0.0266

КОГА ВОЗДУХОТ Е ЗАГАДЕН обичните маски се бескорисни, а ова би можело да ве спаси од загадените честици

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Последните денови загадениот воздух се врати на големата врата во метрополата. ПМ10 честиците во Скопје ги поминуваат дозволените граници и ова утро. 

Свесни сме дека загадувањето убива и може да предизвика разни здравствени проблеми, но како да се заштитиме од нешто што ни е неопходно за живот - воздухот, кога мерките на надлежните или не се доволно ефикасни или им треба поголем период за да вродат со плод? Можеби одговорот е поедноставен отколку што си мислиме - волнен шал!

Така барем убедуваат пулмолозите од соседството кое заедно со Скопје и Македонија се вбројува меѓу загадените градови во светот.

Квалитетот на воздухот зависи од многу фактори. Различните метеоролошки прилики допринесуваат за квалитет на воздухот како и смената на денот и ноќта. Секако и годишниот период е еден од факторите кои влијаат на загаденоста па така во текот на зимата не е необично мерењата да покажуваат дека и во Белград воздухот има слаб квалитет-вели Андреј Шоштари од Градскиот завод за јавно здравје, пренесуваат српските медиуми.

И додека упорно следиме разни апликации кои го покажуваат нивото на загаденост на воздухот, размислуваме за начините на кои можеме да се заштитиме. Секако дека првото средство за заштита кое ни паѓа на ум е маската, но сепак обичните хируршки маски, како што рекол пулмологот Бранимир Несторовиќ, во вакви ситуации не помагаат, кога специјалните нано маски не може секој да си ги дозволи.

-Маската скоро нема да помогне ништо. Она што би можело да биде покорисно е шал преку устата, бидејќи тој има некоја филтрациона способност - рекол Несторовиќ и додал дека „волнениот шал спречува продирање на честиците и до 80 отсто“.

Можеби ќе ве интересира

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка