Загадениот воздух се врати во Скопје
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2020
По краток период со почист воздух, во Скопје се врати аерозагадувањето.
Попладнево Скопје е 14 најзагаден град во светот, а утрово беше прв на air visual.
Во Македонија попладнево високо загаден воздух дишат тетовчани, кичевчани и кумановци.
Во другите општини воздухот е средно или ниско загаден.
Најчист воздух моментално дишат граѓаните на Кочани.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа иницијатива во Собранието да се дебатира за информацијата за енормното загадувањето.
Претходно, еколошките здруженија на оваа тема дискутираа на средба со шефот на државата, Стево Пендаровски.
Од балканските градови, Сараево попладнево е најзагаден и е трет во светски рамки.