20 Мај, 2024
0.0291

Во болниците се полнат капацитетите но, младите не носат маски за да бидат убави

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Продолжениот празничен викенд дел од граѓаните го искористија за уживање во туристичките центри во земјава. И тоа не е воопшто грев, бидејќи македонските хотелиери и угостители треба да ги надополнат изгубените месеци кога воопшто не работеа, а граѓаните кои со месеци наназад не успеаја да ги искористат одморите надвор од земјава, да се релаксираат во последните сончеви и топли денови и да ги „наполнат батериите“ за следните работни предизвици. Но, тоа што загрижува е дека и на сите апели и молби од здравствените власти, во време кога бројките на новозаразени на дневна основа во изминатите денови се приближија и до 400, помладите граѓани во туристичките места не се ни дрзнаа да стават маска, а уште помалку да држат растојание.

На моето прашање: „Зошто не носите маски?“, одговорите со помалку безобразен тон беа следни:

-Затоа што немаме.

-Бидејќи не ни треба, не постои вирусот.

-За да бидеме убави.

Слични одговори дадоа уште десетици други на истото прашање. Оваа мини анкета покажува огромна несериозност, посебно кај младите луѓе, кои и на отворено, а уште повеќе во затворените простори не ни помислија дека треба да стават маска или да почекаат на одредено растојание во редот за да си го земат кафето од шанкот.

На моето прашање пак, упатено до вработените, зошто ги пуштаат да влезат без маски, одговорот беше:

„А што да им правиме веќе, сто пати им е укажано од наша страна, стојат сите известувања залепени на влезот, постојат обележани места каде треба да застанат, едноставно не слушаат. Барем ние сме постојано со маски, па веруваме дека ризикот од заразата е навистина сведен на минимум, па нема да се разболеме“.

Во време кога во земјава имаме над 4.000 активни случаи, кога во болниците од час во час се полнат болничките кревети, кога од вкупниот број тестирани, порцентот на новозаразени само вчера и завчера беше дури 23 отсто, граѓаните се масимално не послушни. Здравствените власти очекуваат ваквата недисциплина, до крајот на неделата уште повеќе да ги зголеми бројките на нови позитивни на ковид.

И покрај тоа што ингеренциите на Пазарниот инспекторат со новите законски измени се зголемуваат, односно инспекторите ќе можат да санкционираат на самото место, викендов беа забележани бројни забави и журки кои се правеа длабоко во ноќта, односно работното време до 01.00 часот по полноќ беше прекршено од по неколку часа плус.

Директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски, кој викендов не беше во Македонија, за Фактор информираше дека во некои туристички места во земјава, за жал немаат испратено инспектори за да ја контроилираат и евентуално да ја санкционираат работата на оние угостителски објекти кои ги прекршија здравствените протоколи.

Денеска пак, се очекува Владата да ги усвои препораките кои Комисијата за заразни болести ги предложи уште минатата недела, а се однесуваат на:

Забрана за групирање во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи. Во едно живеалиште може да се примат најмногу четири луѓе. На семеен настан може да бидат сите кои се со живеалиште на таа адреса, плус најмногу четворица други.

Се забранува групирање на јавен простор после 22:00 часот на повеќе од четири луѓе. Забрануваме групирање по паркови, безниски пумпи или било каде на отворено на поголема група граѓани.

Задолжително носење на маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, затворено во било кои јавни објекти, на работно место, и во јавен и приватен транспорт. Исклучок е при спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт во приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство. При седење во угостителски објект со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, престој во службени простории – канцеларија ако лицето е само во просторијата. Исклучок од задолжително носење на маска имаат и децата до 6 години, односно до претшколска возраст.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално по силно невреме - можни се локални поројни поплави

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално по силно невреме - можни се локални поројни поплави

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже