ВМРО-ДПМНЕ обвини дека скоро половина милион граѓани се сиромашни
Објавено во: Економија 05 Август, 2019
Oд ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека премиерот Зоран Заев и СДСМ живеат во нереален и во замислен свет, при што го обвинија дека скоро половина милион граѓани се сиромашни.
„Живеат во свет каде што мислат дека економската ситуација во државата е иста како и економската ситуација во семејството Заеви. Напротив, економската ситуација во семејство Заеви е идеална и само се зголемува контото и парите на нивните сметки, додека пак економската ситуација во државата е катастрофална и сè повеќе граѓани тонат во сиромаштија“, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој не се согласува дека платите на граѓаните растат.