Добивај вести на Viber
Слаб интерес од архитектите да креираат идејно решение за надградба и промена на постоечката фасада на ГТЦ. До денеска, до кога и трае рокот за доставување на идејно решение, имало само еден пристигнат труд. Во ГТЦ објаснуваат дека следната недела стручна комисија ќе го разгледува решението и ако се даде зелено светло, веднаш ќе се распише конкурс за изработка на главен проект.
Можноста за добивање нов надворешен изглед на ГТЦ, следеше по измените и дополнувањата на ДУП „Мал Ринг“, усвоени од Советот на општина Центар на почетокот од февруари годинава.
Измените предвидуваат, на најгорниот кат на ГТЦ да се изгради тераса, односно цел еден спрат од 7.000 метри квадратни кој би се пополнил со модерни содржини, а има можност и да се затвори трговскиот со што ќе се спречат постојаните протекувања во зимските денови.
Во ГТЦ се уште не знаат како ќе го финансираат проектот. Мнозински сопственик е Владата, но оставена е опцијата да се оди со концесионерство.