(ВИДЕО+ФОТО) ПОПЛАВЕНИ КУЌИ, МОСТОВИ, КАФУЛИЊА: Страотни сцени од поплавите во Црна Гора
Објавено во: Балкан 06 Ноември, 2019
Хаос настана во Црна Гора, откако се излеаја реки, а има и поплавени куќи и кафулиња.
Поплавени се два моста во Колашин, а во околината на градот се изли реката Плашница, при што дојде до рушење на 80 отсто од насипите.
Во Котор еден крузер не може да влезе во пристаништето, а друг маневрира.
Од влезот во заливот се откажа и крузерот „Опера“ заради силен јужен ветар, објави радио Котор. Невремето предизвикало проблеми и за граѓаните на Херцег Нови, каде се поплавени повеќе јавни површини.
Во Никшиќ повторно е затворен сообраќајот преку Мокра нива, а најкритично е во Горно поле, пренесе ЦдМ.
Од Службата за заштита и спасување соопштено е дека досега имало бројни интервенции, во главно во Мокра нива и населените места покрај реката, а атмосферската канализација не може да прими големи количини вода.