(ВИДЕО) ПЕКОЛНО ВО УКРАИНА: Убиен водачот на бунтовниците!
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2017
Во експлозија на автомобили во главниот град на Луганската Народна Република во Донбас утрово загинале две лица.
„Експлодирало возило на началникот на управата на народната милиција на ЛНР Олег Анашченко...Во автомобилот се наоѓале две лица и двете загинале. Според прелиминарни податоци, еден од нив бил Анашченко“, рекле во прес службата на полицијата.
„Околу осум часот се слушнала експлозија на улица во центарот на градот. Очевидци изјавиле дека експлодирал теренски автомобил „тојота“, соопшти претходно полицијата.
Состојбата во југоситочна Украина ескалирала во последните неколку дена, посебно во близина на градот Авдејевк во регионот Доњецк, каде се зголемени судирите помеѓу силите на Киеви и трупите на ДНР (Доњецка Народна Република. Судрените страни една со друга се обвинуваат за иницирање на насилство.