21 Мај, 2024
0.0452

(ВИДЕО) НОВА ЕРА БЕЗ НАФТА: Саудиска Арабија прави индустриски град на сред пустина

Објавено во: Свет 26 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Во пустината, далеку од облакодери и големите градови, зависната од нафта Саудиска Арабија се обидува да ја изгради својата иднина на два други природни ресурси.


Минералите на фосфат, кои се користат во производство на ѓубрива, и боксит, како главна руда во производството на алуминиуми, се во самиот центар на напорот на саудиските власти рударството да го направат столб на диверзификувана саудиска економија.

Во изминатите осум години, на околу 80 километри северно од градот Џубаила на саудискиот брег на Арапсскиот залив, изникна од песок индустрискиот град Рас ал Каир.


После вложувањето во вредност од речиси 35 милијарди долари, овој проект наредните недели официјално ќе го инаугурира саудискиот крал Саламан, со оцена дека овој проект е симбол на настојувањето на најголемиот светски извозник на нафта да ја намали зависноста од тој енергент.

„Градот кој го направивме не постоел во 2007 година. Апсолутно ништо немало, освен големиот број камили“, изјавил генералниот директор на саудиската рударска компанија Маден Калид ал Мудаифер за Франс прес.


Саудиска Арабија, како што пренсе АФП , се соочила со пад на буџетските приходи, бидејќи цените на нафтата се преполовија од средината на 2014 година.

Во април, Каралството Саудиска Арабија најави сеопфатен план на реформи, под името „Визија 2030“, со настојување да ја диверзификува економијата преку промоција на широк спектар на приватни индустрии и претпријатија.


Владата во Ријад го доживува рударскиот сектор како евентуален трет столб на економија после нафтениот сектор и петрохемијата, и сака овој сектор да допринесе на БДП со 97 милијарди ријали (26 милијарди долари) до 2020 година, што е двапати повеќе во однос на актуелното учество.

Можеби ќе ве интересира

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји