(ВИДЕО) Граѓани предизвикаа инцидент на седница на Советот на Општина Ѓорче Петров
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2020
Незадоволни граѓани од „иницијативата против урбаното дивеење“ денеска присуствуваше на тензичен состанок на Советот на Општина Ѓорче Петров, каде според „Слободен печат“ за малку била избегната физичка пресметка.
Иницијативата против урбано дивеење одржува протести против експанзијата на градежни објекти во општината, га главно најзасегнат е случајот со бетонскиот ѕид во месноста Јурија од 58 метри, кој ќе содржи 800 станови и ќе има над 3.000 жители.