16 Јуни, 2024
0.0261

ВАЖНО ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - навреме да се спремат, следува солидна исплата на сметките

Објавено во: Финансии 06 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Сите акционери навреме да ги направат потребните подготовки, бидејќи тоа е неопходно пред Комерцијална банка да почне да ги исплатува дивидендите за минатата година.

Најголемата македонска банка вчера преку Берзата соопшти дека исплатата стартува на 4 мај годинава, а право на исплата на дивидендата имаат сите акционери.

„Комерцијална банка ги известува своите акционери дека почнувајќи од 04 мај 2023 година ќе врши исплата на дивиденда за 2022 година. Право на исплата имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 18 април 2023 година“, се вели во објавата на банката.

Во неа се нагласува и дека исплатата на дивиденда на правните лица, односно на фирмите кои се акционери во оваа банка, ќе се врши со пренос на средствата на нивните платежни сметки во Комерцијална или во друга банка.

Банката ги повикува и сите акционери кои се физички лица, навреме да се запишат во Управата за јавни приходи како даночни обврзници. А, она што е интересно, е дека ова особено се однесува на малолетните физички лица кои се акционери на банката.

„Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери-физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да превземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во земјава“, се вели во објавата од Комерцијална банка.

Се нагласува и дека средствата од дивидендата за 2022 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на платежните сметки на физичките лица во Комерцијална банка, а исклучок ќе бидат оние кои имаат дадено овластување или инструкција за пренос на дивидендата на платежна сметка во друга банка. Пресметката на данокот на доход од дивидендата ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата.

Како што веќе информираше банката, оваа одлука за исплата на дивидендата ја донесе Собранието на акционери одржано на крајот на март.

Притоа треба да се напомене дека Комерцијална банка минатата година ја заврши со нето добивка од близу 35 милиони евра. Акционерите на собранието донеле одлука, од овој профит, дивидендата за обичните акции да биде утврдена во висина од 50 отсто од номиналната вредност на акцијата, односно по 500 денари на една акција бруто или 450 денари во нето износ.

Додека, пак, со цел да се зголеми вкупниот капитал на банката, акционерите решиле дел од добивката во износ од 13,8 милиони евра да се издвои во резерви, а дел од добивката во износ од 2,6 милиони евра ќе оди во задржана добивка за инвестициски вложувања во оваа година, што исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.

Инаку, како што веќе пресмета и објави Фактор, најбројните акционери на таа банка, односно домашните физички лица, кои се повеќе од 5.200 домашни физички лица,и кои поседуваат 46,4 отсто од акциитена банката, ќе поделат меѓусебе 7,74 милиони евра нето дивиденда.

Најдобитен акционер е градежната компанија „Адора Инженеринг“ на Ванчо Чифлиганец, која е најголем поединечен акционер и ќе добие 2,5 милиони евра дивиденда.

Вкупниот бруто износ на дивиденда, пак,што ќе го исплати Комерцијална банка изнесува 18,5 милиони евра. Краен рок за купување акции со право на дивиденда е 12 април годинава.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ПОСЛЕДНО, ПА МАШКО“, ЦЕНАТА БЛАГО СЕ СМИРИ, АМА ПОМИНА БЛОК ОД 100 ИЛЈАДИ ЕВРА - инвеститорите во трка за акции на Комерцијална банка

„ПОСЛЕДНО, ПА МАШКО“, ЦЕНАТА БЛАГО СЕ СМИРИ, АМА ПОМИНА БЛОК ОД 100 ИЛЈАДИ ЕВРА - инвеститорите во трка за акции на Комерцијална банка

СРБИЈА УШТЕ ВРАЌА ДОЛГОВИ ОД ВРЕМЕТО НА ТИТО - еве кога и колкави рати ќе ѝ стигаат на земјата во следниот период

СРБИЈА УШТЕ ВРАЌА ДОЛГОВИ ОД ВРЕМЕТО НА ТИТО - еве кога и колкави рати ќе ѝ стигаат на земјата во следниот период

ШТО ЈА КРЕВА ДО НЕСТВАРНИ ВИСОЧИНИ АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА, ИМА ЛИ НЕШТО ШТО НЕ ЗНАЕМЕ - сè што имаме јавно кажуваме, велат од банката

ШТО ЈА КРЕВА ДО НЕСТВАРНИ ВИСОЧИНИ АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА, ИМА ЛИ НЕШТО ШТО НЕ ЗНАЕМЕ - сè што имаме јавно кажуваме, велат од банката

ЌЕ ЈА ДОБИЛЕ ЛИ МАСК НАГРАДАТА: акционерите му одобрија исплата - „ќе биде интересно да се види дали друг суд е подготвен да го признае гласањето“

ЌЕ ЈА ДОБИЛЕ ЛИ МАСК НАГРАДАТА: акционерите му одобрија исплата - „ќе биде интересно да се види дали друг суд е подготвен да го признае гласањето“

ИМЕНУВАНИ НОВИ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ - Доима, Тагарис, Толиа и Карандреас се директори во Националната банка на Грција

ИМЕНУВАНИ НОВИ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ - Доима, Тагарис, Толиа и Карандреас се директори во Националната банка на Грција

ИНТЕРВЈУ ХАРТМАН, ИСКУСЕН ШВАЈЦАРСКИ БАНКАР, ЗА ФАКТОР: Немојте екстра да ги даночите банките, тие се тука за да ја поддржуваат економијата

ИНТЕРВЈУ ХАРТМАН, ИСКУСЕН ШВАЈЦАРСКИ БАНКАР, ЗА ФАКТОР: Немојте екстра да ги даночите банките, тие се тука за да ја поддржуваат економијата

Одговорот на Русија на новите американски санкции ги зачуди сите: Московската берза направи драстичен потег

Одговорот на Русија на новите американски санкции ги зачуди сите: Московската берза направи драстичен потег

Вложувањата во неживотни осигурувања пораснаа 10 проценти, достигнаа 90 милиони евра за пет месеци

Вложувањата во неживотни осигурувања пораснаа 10 проценти, достигнаа 90 милиони евра за пет месеци

НА ПРОДАЖБА И ТОА МАЛКУ ШТО ОСТАНА ОД ВРЕМЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА: Се нудат два авиони, делови, инвентар и опрема за 4,9 милиони евра од југословенската авиокомпанија

НА ПРОДАЖБА И ТОА МАЛКУ ШТО ОСТАНА ОД ВРЕМЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА: Се нудат два авиони, делови, инвентар и опрема за 4,9 милиони евра од југословенската авиокомпанија