Добивај вести на Viber
На врвот Јаху застанува уште еден поранешен менаџер во Гугл. Главниот извршен директор на компанијата Мариса Мајер успеа да го убеди својот неодамнешен колега Енрике де Кастро да стане дел од Јаху. Експертот во он-лајн рекламниот бизнис, ќе раководи со компанијата како главен оперативен директор. Тој ќе биде одговорен за продажба, медиумскиот бизнис и внатрешните процеси во компанијата.
„Јас сум воодушевена дека тој се приклучува на силниот лидерски тим на Јаху", изјави Маер. Откако таа ја презеде функцијата во јули, направи големи измени во високиот менаџмент. Сега Јаху има нов финансиски директор и нов маркетинг менаџер. Де Кастро ќе седне на директорското место најдоцна во јануари. Целта на овие кадровски промени е да се подобри бизнисот со он-лајн рекламирањето во Јаху, а Де Кастро ќе биде клучна фигура во овој дел. Гугл е најголемиот конкурент на Јаху во борбата за освојување на пазарот за он-лајн реклами. Фејбук исто така има свој удел на истиот пазар.
Мајер успеа да го убеди Де Кастро за транфер во Јаху пред се благодарение на парите. Неговата годишна плата ќе биде 600 000 долари и дополнителни бонуси. Но пред се, менаџерот ќе добие 1 милион долари во готово како почетен бонус, но и акции од неколку десетици милиони долари.