Ученик во Норово агитирал за партија меѓу врсниците
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2017
Ученик во крушевскотo село Норово делел пропаганден материјал на политичка партија.
Тој во Основното училиште „Никола Карев“ во селото делел пропагандни материјали (пенкала и пластични летоци) од една политичка партија. Поднесен е записник за примање пријава, а ученикот бил предупреден, информираат од полицијата.
Случајот e пријавен вчера во 13.30 часот во Полициската станица Крушево.