19 Мај, 2024
0.0257

Цементарница УСЈЕ АД-60 години придонес во развојот на економијата и општеството

Објавено во: Економија, Мои пари 04 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Со врвен квалитетен производ, најнова технологија, посветена работа и развој на проекти од интерес на животната средина и заедницата, Цементарница УСЈЕ АД Скопје одбележува 60 години од своето делување на македонскиот пазар. Шестдецениското работење на УСЈЕ е проследено со процес на континуирани инвестиции и модернизација, преку кој компанијата успева да одговори на потребите на македонската економија и општеството.

Само во последната деценија компанијата вложи 80 милиони евра во воведување нови технологии и модернизација, со што значително се подобри квалитетот на производите и се подигнаа стандардите за безбедност и здравје при работа. Од овие средства скоро 36 милиони евра се инвестирани во проекти поврзани со заштита на животната средина, односно поголема компатибилност на работењето на компанијата со потребите на заедницата. За своите заложби за придонес кон животната средина, УСЈЕ годинава ја доби највисоката национална награда за општествена одговорност за проектот „Намалување на емисиите во воздухот“. Ова беше второ највисоко признание за УСЈЕ во во истата област. За своите заложби УСЈЕ беше наградуван во изминатите години за проекти и од областа на унапредување на пазарот и од областа однос со вработените.

usje 2

УСЈЕ е нераскинлив дел од македонското општество, бидејќи нашиот цемент е вграден во секој јавен и приватен објект во Македонија. Заедно со нашиот развој, растеше и се развиваше и македонската економија. Наша цел е и во иднина да бидеме двигатели на просперитетот во нашето општество“, истакна Борис Хрисафов, главен извршен диектор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

usje 3

Шестдецениското постоење УСЈЕ го одбележа со гала концерт „Класика версус класика“. На свеченоста беа доделени и специјални признанија за долгогодишна соработка и особен придонес во развојот на градежната индустрија на компаниите „Бетон“, „Гранит“, „Карпош“, „Адора“ и „Актор“. Специјално признание добија и општината Кисела Вода со која УСЈЕ има континуирана соработка на проекти од интерес на заедницата, а награда доби и Завод за испитување на материјалите – ЗИМ, кој игра значајна улога во процесот на создавање цемент со врвен квалитет по највисоките светски стандарди. Долгогодишниот директор на УСЈЕ, кој даде особен придонес во равојот на компанијата и обезбедувањето на стратешки партнер, Ристо Гушков, исто така доби специјално признание. За тридецениската соработка и пласман на производите на УСЈЕ на пазарот во Косово, специјално признание доби и Изахир Трони.

usje 1

Во годината кога УСЈЕ прославува 60 години од своето работење, беше одржана и техничка конференција „Влијанието на градежните материјали врз квалитетот на градбата“, на која учествуваа врвни домашни и странски експерти. Истовремено по повод 60 годишниот јубилеј, УСЈЕ потпиша договор за партнерство и поддршка со Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Проектот на студентите ќе им овозможи да работат на скулптури од бетон во духот на урбаната и современа уметност, кои откако ќе бидат готови ќе бидат јавно изложени. Со цел да се поттикне уметничкиот израз и да бидат отворени нови можности и простор за креативна работа на младите уметници, УСЈЕ обезбеди цемент, други потребни материјали, машини и алатки што се користат во работата на катедрата за вајарство при ФЛУ.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра