19 Мај, 2024
0.0302

ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ: Јадеме поскап леб и овошје

Објавено во: Економија 10 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Индексот на трошоците за живот во март годинава е на исто ниво како и претходниот месец, а раст од 1,6 отсто има во однос на истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во март, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,1 отсто, житата за 1,6 отсто, замрзнатото овошје за 1,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај оризот за 1,5 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,1 отсто, а незначително намалување на цените има кај месото, јајцата, рибата, морските плодови, јогуртот.

Во март 2018 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и  телефакс-опремата за 3.3 %, предметите за лична хигиена и здравје за 1.2 %, услугите за лична хигиена за 1.1 %,  средствата за чистење и одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани за 0.9 %, обувките за 0.7 %, резервните  делови и опремата за сопствен превоз за 0.6 %, големите електрични апарати, услугите за култура за 0.5 %,  облеката, материјалите за одржување и поправки на станот, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема,  велосипедите за 0.4 %, другите услуги поврзани со станот, неспоменати на друго место, канцеларискиот материјал и  материјалите за цртање, услугите за сместување за 0.3 %, текстилот за домаќинствата, алатитe и опремата за куќа и градина, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа, градините, растенијата и цвеќињата за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата  за 3.7 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3.2 %, болничките услуги за 3.1 %,  течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.7 %, книгите за 2.6 %, гасот за 
домаќинствата за 2.5 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 2.3 %, авионскиот превоз на патници  за 1.6 %, информатичката опрема за 1.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.8 %,  цврстите горива за 0.5 %, мебелот за домаќинствата за 0.3 % и другите медицински производи за 0.2 %.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра