ТРОЕН ШОК ЗА МЛАДИТЕ: Пандемијата ги остави без работа
Објавено во: Економија, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
Пандемијата им предизвика троен шок на младите, кои освен што изгубија работа, не можат ниту да се образуваат или да следат настава.
Повеќе од едно на секои шест млади лица останало без работа поради коронавирусот.
Работното време на оние што останале вработени е намалено за 23 проценти, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот (МОТ).
Младите луѓе се несразмерно погодени од пандемијата. Ова зголемување на невработеноста кај младите луѓе од февруари досега повеќе ги погодува младите жени за разлика од младите мажи.
Во државите каде има засилено тестирање и следење, просечното намалување на работните часови е дури до 50 проценти.Северна и Јужна Америка (13,1 проценти) и Европа и Централна Азија (12,9 проценти) ги претставуваат најголемите загуби во работни часови.
Развиените економии трпат сериозен пад, или се во рецесија,
Над 55.000 луѓе во Македонија може да западнат во сиромаштија, прогнозираат од Светската банка.
Во светот 60 милиони луѓе ќе бидат екстремно сиромашни поради пандемијата.