ТРГУВАЊЕ СО МАРИХУАНА: Да, можно е-на берзата во Торонто
Објавено во: Свет 03 Февруари, 2017
На берзата во Торонто веќе може да се купи марихуана, соопштува Bloomberg.
Акциите на компанијата која произведува канабис - Canopy Growth Corp., од средата се тргуваат со кодот WEED (трева на англиски јазик).
„Многу сме возбудени дека се претставуваме на Беј стрит (еквивалент на Волстрит во Торонто) со тоа име“ коментира во соопштението нејзиниот главен извршен директор Брус Линтон.
Компанијата со седиште во Онтарио стана првата во Канада, кои се занимава со марихуана, со пазарна капитализација која надминува 1 милијарда долари минатата година. Во моментов пазарната проценка е 1.2 милијарди долари.
Цената на акциите на марихуаната се зголеми како знак на доверба дека тревата ќе биде легализирана. Владата вети дека ќе го прифати потребното законодавство во оваа година. Со тоа земјата ќе стане првата од Г-7 со таква дозвола.
Ако се оди според планот, се смета дека 3,8 милиони луѓе ќе имаат корист од падот на забраната. Продажбата се очекува да е за 6 милијарди канадски долари, прогнозираат аналитичарите од „Canaccord Genuity“.