21 Мај, 2024
0.0290

ТАКТИКА ИЛИ ПОТРЕБА: Кина ја урна вредноста на јуанот во однос на доларот на најниско ниво од 2008

Објавено во: Економија 05 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Кина денеска дозволила курсот на јуанот кон доларот да го пробие клучното ниво од седум јуани за долар, прв пат во повеќе од една деценија.

Тоа, како што оценува Ројтерс би можело да биде сигнал дека официјален Пекинг е подготвен да толерира понатамошно слабеење на националната валута во услови на ескалација на трговската војна со САД.

Наглиот пад на јуанот од 1,4 отсто следи откако Народната банка на Кина го утврдила официјалниот денешен среден курс на јуанот на 6,99225 јуани за долар, што е негово најслабо ниво од декември 2018 година.

 Народната банка на Кина целосно даде „зелено светло“ за депрецијација на јуанот-вели Кен Ченг стратег во една банка во Хонг Конг.

Курсот на јуанот на почетокот на тргувањето во континенталниот дел на Кина изнесувал 6,9999 јуани за долар, за да околу 03:51 часот по Гринич ослабнал на 7,0266 јуани за долар што е дневен пад од 1,2 отсто.

Јуанот нешто порано изгубил дури 1,4 отсто од вредноста. Ова е прв пат од 9 мај 2008 година кинеската валута да се тргува на ниво од преку седум јуани за долар, наведува Ројтерс.

Овој радикален пресврт на курсот на јуанот следи само неколку дена откако американскиот претседател Трамп ги шокираше финансиските пазари со ветување дека од 1 септември ќе воведе 10-процентни царини на останатиот кинески увоз вреден 300 милијарди долари, со што нагло на кратко го премина едномесечното примирје во трговската војна на двете земји.

Аналитичарите очекуваат дека јуанот ќе продолжи да слабее, бидејќи официјален Пекинг, како наведуваат, има се помалку причини да ја зачува стабилоста на јуанот во услови на ескалација на трговската војна.

Можеби ќе ве интересира

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“