21 Мај, 2024
0.0281

ТАБЛЕТИ И СТАБИЛЕН ИНТЕРНЕТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ: Скопските општини почнаа со подготовките за онлајн настава

Објавено во: Македонија 31 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Дел од скопските општини веќе ги започнаа подготовките за почетокот на новата учебна година, кој овој пат е одложен за еден месец од вообичаениот старт поради актуелната состојба со корона кризата во Македонија. Освен што училиштата се подготвени со потребните протоколи за оние ученици од прво до трето одделение кои физички ќе ја посетуваат наставата, општините понаа да обезбедуваат и таблети, за учениците кои ќе мора наставата да ја следат онлајн.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, за Фактор изјави дека во текот на неделата ќе треба да добијат точен број на учениците, за да знаат на колкумина од нив им се потребни дигитални апарати за да ја следат успешно наставата.

-До крајот на оваа недела од осумте основни училишта во Општина Центар треба официјално да добиеме податоци, за да знаеме на колку деца им се потребни таблети, а освен тоа ќе ги обезбедиме со стабилна интернет мтежа и самите училишта, само за да децата добијат квалитетна настава, во услови кога заради епидемијата на Ковид-19, физички не смеат да одат во школо, изјави Богдановиќ.

И Општина Гази Баба отпочна со набавка на 250 таблети за децата кои немаат како да ја следат он лајн наставата. Оттаму денеска соопштуваат дека целта е да надминат недостатоците кои се јавија лани кога имаше ученици кои не можеа да набават технички уред или во исто време настава требаше да следат две или повеќе деца од едно семејство. 

-Општина Гази Баба во консултација со директорите и наставниците има точна бројка во кое училиште кому ќе му биде најпотребен овој уред. Секој ученик кој што ќе добие таблет ќе биде одговорен за него и во исправна состојба ќе треба да го врати на крајот од учебната година, со цел да послужат и да други ученици. 

На оваа акција, очекуваме да се приклучат и општествено одговорните компании како и секој граѓанин кој би можел да донира или да позајми технички уред за своите сограѓани, истакнуваат од општината.

Инаку, сите 11 основни училишта во Гази Баба веќе имаат подготвено своја платформа, протокол за влез, излез, за одвивање на настава, протокол за дезинфекција како и за движење низ објектите. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат