Добивај вести на Viber
Околу 60 милиони евра за да биде усвоен предлог-законт тутунските производи, побарал европскиот комесар за здравство и заштита на потрошувачите Џон Дали, тврди шведскиот производител на тутун „Свидиш мач“.
Еврокомесарот Дали од Малта, во вторникот поднесе оставка откако Европската служба за борба против измамите (ОЛАФ) покрена истрага по жалбата од „Свидиш мач“.
Компанијата тврди дека бизнисмен од Малта ги искористил контактите со Дали за да добие бенифиции од неа, во замена да лобира за натамошно прифаќање на европски закон во тутунскиот сектор и најмногу за забрана на извоз на бурмут од ЕУ. Сигналот бил испратен до ЕК, која итно го испратила до ОЛАФ.
Во конечниот извештај на службата сомнежите биле потврдени од извршената истрага. ОЛАФ не открила докази за директната вмешаност на Дали, но потврдила дека тој бил запознат со случајот.
Дали категорично ги отфрла заклучоците од истрагата, но одлучил да поднесе оставка „за да може да ја заштити својата чест и честа на ЕК“.