19 Мај, 2024
0.0268

Светска банка: По кризата македонската економија заздравува

Објавено во: Економија 11 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Стабилизацијата на политичката криза дава добри знаци и за опоравување на економијата, смета Светска банка во најновата анализа на состојбите во Република Македонија. 

- Економското влијание на политичката криза во Македонија беше подолго од очекуваното. Растот забави на нула во 2017 година заради големото намалување на инвестициите. Но, економијата веќе започнува да закрепнува во 2018 година предводено од потрошувачката и закрепнување на инвестициите, изјави директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели.

Според Светска банка, интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ може да ги забрза структурните реформи и да ја зголеми довербата на инвеститорите, а забрзаниот раст ќе помогне во фискалната консолидација. Препорачуваат континуирани заложби на фискална консолидација, воведување даночни реформи, подобрување на квалитетот и ефикасноста на социјалните трошења, рационализација на субвенциите особено во земјоделството, обезбедување одржливост на пензискиот систем, подобрување на управувањето со јавни финансии и јавните инвестиции.

Меѓу препораките се и одржување на реформскиот моментум за зајакнување на продуктивноста и перспективите за раст.

Според Светска банка, еден од предизвиците за регионот, како и за Македонија, е иселувањето на високообразовани кадри. Податоците со кои располагаат покажуваат дека најголемо иселување има од Косово и БиХ, каде што 50 проценти од популацијата емигрирало, додека податоците за Македонија покажуваат дека 25 проценти од популацијата е иселена. Покрај високообразованите, се наведува дека имаме и на нискообразовани што, според Светска банка, упатува на сезонско иселување.

Според регионалната директорка во Светска банка за земјите од Западен Балкан Линда Ван Гелдер, растот во регионот е ранлив од домашни и надворешни шокови и дека поробусниот раст што го прогнозираат за следните години е условен од вистинска комбинација на политики и регулативи за намалување на ранливоста од шокови и за поддршка на растот.

Таа порача дека земјите од Западен Балкан мора да достигнат раст на ниво од пет проценти за да можат за 20 години граѓаните да го имаат просекот на граѓаните од Западна Европа.

- Доколку останат на сегашното ниво, ќе им требаат шест децении, потенцира Ван Гелдер.

Во Извештајот на Светска банка за Западен Балкан, растот на БДП е намален од 3,1 процент во 2016 на 2,4 проценти во 2017 како резултат на острата зима и на помалите инвестиции./МИА


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра