19 Мај, 2024
0.0253

Светска банка излезе со прогноза за растот на македонската економија, полоша е само Босна

Објавено во: Економија, Корона Вирус 31 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Македонија и оваа година на економски план ќе биде меѓу последните во регионот. Mакедонската економија за годинава ќе има раст од 3,6 отсто и за наредната од 3,5 проценти. Со ваква прогноза излезе Светска банка. 

Банката наведува дека Босна и Херцеговина, Црна Гора и  Македонија се меѓу 10-те земји во развој со најголем број смртни случаи од коронавирусот по глава на жител, што дополнително ги оптоварува здравствените системи. Светска банката проценува дека има поволни услови за економски раст на среден рок и за зголемување на продуктивноста во Албанија и Македонија. Оценува  дека тие ќе имаат забрзувањето на структурните реформи како дел од подготовката за членство во ЕУ. Ова е под претпоставка дека почетокот на преговорите нема да биде одложен.

Од државите во регионот најголем раст за 2021 година е предвиден во Црна Гора од 7,1 отсто, потоа Србија од пет, Албанија 4,4, Косово 4 и Босна и Херцеговина од 2,8 проценти. За 2022 година Светската банка прогнозира раст на економијата во Црна Гора и Косово од по 4,5 отсто, во Србија и Албанија по 3,7 и по 3,5 проценти за Македонија и Босна и Херцеговина.

Светската банка посочува дека на стартот на 2021 година економиите на Западен Балкан се едни од најтешко погодените од коронавирусот во Европа и Централна Азија, со најголем број на случаи на новозаболени во еден ден, со што далеку го надминуваат просек на европско-ценралноазискиот регион.

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?