Добивај вести на Viber
Во својот говор на инвестицискиот самит Македонија 2025, што се одржува во Охрид, вицепремиерот Зоран Ставревски истакна дека светот, а посебно главните трговски партнери на Македонија од Европа сеуште се сочуваат со економска криза, но дека Македонија добро се справува со кризата.
- Кризата негативно влијаеше на кредитниот раст, извозот и домашната побарувачка, но Македонија добро се справува со овие предизвикувачки времиња. Ставрески посебно се осврна на кризата во еврозоната, европскиот стабилизациски механизам и влијанието на кризата врз Македонија. Тој наведе дека во ова време се потребни дисциплински фискални политики, капитални инвестиции, посебно во индустријата и инфраструктурата. Смета дека приватниот сектор е главен двигател на економијата, потребен е поголем извоз, а затоа ќе придонесат повеќе компании како Џонсон Контролс, Кемет Електроникс, вели Ставрески.